Фудбалерите на Црвена Ѕвезда ремизираа со Милан во Белград, играјќи 2-2, во првиот натпревар од 1/16 финалето во Лигата на Европа. „Црвено белите“ реми обезбедија со храбра игра и погодок во судиското продолжение, кој го постигна Милан Павков.

Горд сум на фудбалерите. Тие се големи луѓе, а уште поголеми фудбалери. Треба само да ги елиминираме грешките, кои ги направивме на почетокот од натпреварот и ќе биде уште подобро. Но и покрај тоа ние ремизиравме против тим каков што е Милан, кој е еден од најдобрите во Серија А. Со играч помалку постигнавме погодок, а малку недостасуваше и да победиме. Со главите горе одиме на Сан Сиро, – изјави тренерот на Црвена Ѕвезда, Дејан Станковиќ.

Милан оствари позитивно реми во Белград, бидејќи постигна два погодоци. На „росонерите“ им одговора било каква победа на „Сан Сиро“ за пласман во следната рунда.

На теренот истрчавме со најдобриот состав кој го имаме. Не ја потценивме Црвена Ѕвезда. Секако дека сакавме да победиме, но направивме некои грешки, кои не ги правиме често. Павков ги надскока фудбалерите во казнетиот простор и погоди за егал. Со мислите сме веќе насочени кон реваншот и мечевите од Серија А. – рече предводник на Милан, Стефано Пиоли.

Реваншот се игра следниот четврток (25 февруари).

OhridNews

 

(Обновено)ЛЕ: Црвена Ѕвезда извлече реми со Милан, „ѓаволите“ го растурија Сосиедад (видео)