Во првите полуфинални дуели од Лигата на Европа, Атлетико Мадрид и Спортинг Лисабон го искористија домашниот терен и забележаа победи над Валенсија 4-2 односно Атлетик Билбао 2-1.


Освојувачот на пехарот од 2010 година, Атлетико Мадрид со крупни чекори ита кон ново финале откако во шпанската пресметката ја совлада Валенсија со убедливи 4-1. “Јорганџиите“ први го отворија резулатот, преку Фалкао. Бројките на семафорот ги изедначи Џонас во финишот на првиот дел.

Предноста во вториот дел за “црвено белите“ ја врати Миранда, а ја дуплираше Адријан. Со вториот погодок на Фалкао, Атлетико Мадрид стигна до убедливи 4-1. Реваншот на Местаља да биде возбудлив го направи Рикардо Коста кој го постигна вториот погодок за Валенсија длабоко во судиското продолжение. 

Спортинг Лисабон ја прекина одличната серија на Атлетик Билбао во Лигата на Европа триумфирајќи со 2-1. “Баскијците“ како во многу наврати до сега, играа феноменално а тоа резултираше со погодок на Артунеџе на стартот од вториот дел.

Последните петнаесет минути од мечот, им припаднаа на домаќините. Аргентинецот Инсуа во 75-та го изедначи резултатот а комплетниот пресврт го направи Диего Капел во 80-та минута.

Реванш натпреварите од 1/2 финалето во Лигата на Европа на прогрмата се` за една седмица.

Мх.П.