Тетовските „црвено црни“ остварија најдобар резултат од трите македонски преставници во квалификациите за пласман во Лигата на Европа. Фудбалерите на Шкендија со 3-0 ја совладаа молдавска Дачија и со една нога се наоѓаат во следната фаза од квалификациите.
„Романтичарите“ во финишот со автогол обезбедија минимална победа (1-0) на гостувањето кај Сен Трепе, додека освојувачот на Купот на Македонија, Пелистер мина најлошо претрепувајќи пораз 4-0 од Лех Позњан.
Во реванш натпреварите за седум дена Работнички и Пелистер ќе бидат домаќини, додека Шкендија патува во Молдавија.
OhridNews