Шведскиот Елфсборг со високи 5-0 го совлада Тетекс во третото квалификациско коло од Лигата на Европа. Штофарите немаа против игра за расположените викинзи кои од 30 до 80 минута ја наполнаа мрежата.Стрелци за домашната екипа беа Ишизаки (29 минута), Свенсон (50), Авдиќ (57), Нордмарк (66) и Кин (77).


Реванш мечот кој е на програмата на 5 август ќе се игра на “Филип Втори“ во Скопје ќе биде само формалност.

Ohridnews