Популарните „Бистра вода“, „Учи ме мајко карај ме“, „Си заљубив едно моме“- се само дел од композициите кои ќе бидат изведени од познатите Кокан Димушевски- клавијатури, Бодан Арсовски- бас, Димитар Божиков- гитара и Михаил Парушев- тапани, придружувани од камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, под раководство на маестро Саша Николовски- Ѓумар.

– Веќе две години работиме на овој проект, колку што и не немаше во медиумите, бидејќи сакавме да настапиме со целосно нова најава, со нешто што мислевме дека е многу интересно за македонската музичка сцена. Вчера го оддржавме првиот настап во Битола и реакциите беа фантастични, се надевам дека така ќе биде и во Охрид. На 1 август, ќе се случи душевен спектакуларен момент и се надевам публиката ќе биде задоволна како што и ние сме среќни, изјави Бодан Арсовски.
Како што кажа на денешната прес- конференција, диригентот Ѓумар, чест и задоволство е да се работи на заеднички проект со групата „Леб и сол“ .

– Без двоумење прифатив да работам на овој проект, со кој може да се гоордееме и да го пласираме секаде каде ќе одиме. Музиката и аранжамните се извонредни. Можам да кажам дека меѓу мене како диригент, оркестарот и групата контактот е непосреден и е пример за соработка која се надевам ќе продолжи и понатаму, истакна Саша Николовски- Ѓумар.
Проектот „Леб и сол Symphony“ ќе има можност да го чуе и публиката во Србија за каде се закажани два настапи.












