Освен што имал несреќа да остане со повредено и скршено крило, еден од лебедите во Охридското езеро деновиве може да се забележи и со скршена и заболена нога.

Ваквата состојба во која се наоѓа му го отежнува хранењето и маневрирањето во водите на езерото, поради што е неопходно да му се помогне и соодветно да се згрижи.

Дали станува збор за лебедот Џорџ кој веќе неколку години беше со скршено крило, осамено пловеше во езерските води и беше миленик на охриѓани, не знаеме. Но, она што е повеќе од сигурно е дека што поскоро треба да се оформи професионално тело за грижа за лебедите.

OhridNews