Прашината која се крена околу трансферот на Леброн Џејмс во Мајами Хит не престанува. Многу легенди во НБА Лигата го осудија преминот на Леброн Џејмс во дресот на  “жешките“, а најгласен во критиките е шест кратниот победник во НБА Лигата, Мајкл Џордан, популарниот “Ем Џеј“ јавно го окарактезира трансферот како “кукавички“.


Пеколното трио на “жешките“

– Во изминатиов период се изнаслушав негативни коментари на моја “сметка“ но не ми пречи тоа. Некои ги очекував а некои искрено не. Ме критиковаа големи кошаркари како Мајкл Џордан, Маџик Џонсон и Чарлс Баркли и јас го ценам нивното мислење, но јас сум Леброн Џејмс и сам си решавам за мојот нареден чекор. Најдобриот одговор ќе го дадам на паркетот- дециден е “кралот“ Леброн Џејмс.

Мх.П.