Еден од најдобрите спортисти на денешницата, Леброн Џејмс, стана милијардер. Тој е шестиот спортист во историјата што успеал во текот на кариерата да ја мине оваа магична граница.

Леброн Џејмс, во НБА лигата влезе во 2003 година. Од договорите со Кливлен Кавалирс, Мајами Хит и Лос Анџелес Лејкерс, досега заработил 330 милиони долари. Играчот на Лејкерс, од спонзорските договори досега инкасирал 700 милиони долари.

Некои од компаниите кои ги рекламира Леброн се АТ&Т, Блејз пица, Најки, ПеписКо, Волмар…

Покрај Леброн Џејмс, најмалку милијарда долари во кариерите заработиле Тајгер Вудс, Флојд Мејведер, Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Роџер Федерер.

Леброн во САД, во моментов е актуелен со својот фил „Весленски баскет 2“. Иако доби лоши критики, филмот само во првиот викенд заработи 32 милиони долари.

OhridNews