Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, се искачи на второто место на вечната листа поентери во НБА-лигата. Џејмс ноќеска во поразот (119:127) на гостувањето кај Вашингтон постигна 38 поени и со 36.947 го престигна Карл Мелоун кој има 36.928 поени.
Навивачите на Вашингтон визардс го поздравија успехот на Џејмс со овации.

На првото место по ефикасност во историјата на НБА е Карим Абдул-Џабар со 38.387 поени.
Леброн е втор по поени, седми по асистенции и 39-ти. по скокови.
Во сезоната 2021/22 Леброн Џејмс е втор по просечен учинок со 29,7 поени по натпревар.










