„Легализацијата“ на тракторите ќе трае до октомври догодина
30.11.12 07:00
До октомври идната година, граѓаните од земјава кои поседуваат трактори или тракторски приколки кои не се регистрирани, истите ќе можат да ги легализираат. Регистрирање ќе може да се изврши во две постапки, предвидени со измените во законот.
Според Министерството за внатрешни работи, во првата постапка сопствениците треба да приложат доказ за сопственост, фактура, договор за купопродажба или наследно решение. Во втората постапка, сопствениците треба да приложат Решение за утврдување на сопственички статус на возилото, добиено во вонпарична судска постапка. Предлогот треба да содржи повеќе податоци како што се: марка, тип, број на шасија и мотор како и година на производство на тракторот или тракторската приколка. Исто така треба да се наведат причините поради кои се поднесува предлогот.
Со предлогот се приложува и претходно дадена изјава заверена на нотар, во која подносителот на барањето ја презема одговорноста дека свесно го користел возилото, односно, дека за истото не се води судска постапка.
Инаку, предлозите за легализација се поднесуваат до 10-ти април идната година. Доколку полициските службеници затекнат трактор или тракторска приколка која не е регистрирана, ќе се изрекува парична глоба во износ од 500 до 2000 евра во денарска противвредност.
Со лозот „Титаниум“, Државна лотарија продолжува да ја збогатува понудата на инстант игри што носат возбуда и надеж Лоз што носи уникатна можност за освојување автомобили и парични добивки, создаде...
Денес, на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, во пријатна и интерактивна атмосфера се одржа отвореното предавање „Исхраната како грижа за себе: женското здравје во фокус“, со проф д-р Ан...
Лидл Македонија продолжува со кампањата за вработување „Добра игра Фер плеј“ и ги поканува заинтересираните кандидати од Струга и околните населени места, да се запознаат со можностите за работа во...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.