Во текот на изминатите осум месеци Локалната самоуправа на Охрид успеала да легализира околу 1.000 бесправно изградени објекти. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакречески денес изјави дека е задоволен што успеале да го забрзаат темпото на легализација.
-Споредено со изминатиот период ова е една голема бројка, ако се земе во предвид дека за две години минатата локална власт издала само 600 решенија за легализација, истакна Бакречески.
OhridNews