Шведската легенда во ракометот, Магнус Висландер се огласи со свој коментар за првиот натпревар од групата помеѓу Македонија – Шведска кој заврши без победник 26-26.


Натпреварот беше многу возбудлив, секоја чест за двете селекции. Треба да бидиме среќни што на два пати се вративме во мечот, и излвековме бод – посочи Висландер кој го истакна голманот на “викинзите“ Сјостранд, МВП на мечот.


Магнус Висландер важи за еден од најдобрите пикери и најтрофејни ракометари кои играле ракомет, за Шведска настапи на 384 натпревари постигнувајќи 1185 голови притоа освојувајќи четири злата од ЕП, две од СП.

Мх.П.