Сопственикот на американскиот фудбалски прволигаш Интер Мајами, Дејвид Бекам, го договори за нов тренер на клубот својот поранешен соиграч во Манчестер јунајтед, Фил Невил.

Четириесетитригодишниот Невил треба да го замени Давид Алонсо, кој минатата недела беше отпуштен поради слабите резултати во првиот дел од сезоната во американската МЛС лига.

Поранешниот соиграч на Бекам од јануари 2018 година е селектор на женската фудбалска репрезентација на Англија. Британскиот сервис Би-би-си јави вечерва дека англиската федерација (ФА) најдоцна до крајот на оваа недела ќе го официјализира предвремениот прекин на соработка со Невил, чиј договор истекува во јули оваа година.

OhridNews