Четвртото издание на фестивалот ќе го отвори филмот „Анонимни емотивци“ во режија на Жан-Пјер Америс, а на затворањето ќе биде прикажан филмот „За луѓето и боговите“ од режисерот Гзавие Богова. Публиката во Охрид ќе види над 10 француски остварувања, а како гости поканети се врвни имиња на гфранцуската кино матографија, како и од регионот.
Филмовите кои ќе се прикажуваат во натпреварувачкиот дел ќе ги оценува тричлена жири комисија, под претседателство на македонскиот режисер Антонио Митрически.