Португалскиот ас Кристијано Роналдо со Лионел Меси водат мртва трка за најдобар фудбалер на планетата. Трет кој може да им ги замрси сметките на овие двајца е Андрес Иниеста кој ја освои наградата за најдобар фудбалер на Европа.

Најдобриот фудбалер во историјата на Реал Мадрид, Алфредо ди Стефано и Поругалецот Луис Фиго останаа воздржани во гласањето за “Франс фудбал“  и не го поддржа фудбалерот на “кралевите“ Роналдо.

Андреј Шевченко, Матијас Замер, Копа, Луис Суарез, Руминеге, Стивен Киген  и Марко ван Бастен гласаа за Лионел Меси додека Иниеста доби гласови од Канаваро и Пирло.

Мх.П.