Живата легенда на Милан, Паоло Малдини ќе се врати на “Сан Сиро“, но како помошник тренер. За “шеф“ на стручниот штаб италијанските медиуми го “местат“ Кларенс Сидорф, кој се очекува по завршување на сезоната да се пензионира од активно играње фудбал.

Малдини од почетокот до крајот на кариерата настапуваше во Милан. Неговиот дрес е повлечен од употреба во таборото на “росонерите“ што говори за неговата предноста за екипата.

Сидорф како играч беше еден од најдобрите фудбалери во шампионската генарација на Милан, која на два пати во 2002/03 и 2007/08 ја покори Европа.

Мх.П.