Селекторот на Македонската фудбалска репрезентација под 21 година Бобан Бабунски, го соопшти списокот на фудбалери за престојниот пријателски натпревар на 16 ноември против соодветната селекција на Мали. Бабунски повика 18 фудбалери од кои само шест играат во македонскиот шампионатот, додека останатите настапуваат во првенствата ширум Европа.

ГОЛМАНИ: Гачевски Филип (ФК Капфенберг Австрија), Стојановиќ Деан (Ф.К.Лустенау Австрија)

ОДБРАНА : Ристевски Кирче (Ф.К.Елбасани Албанија), Брдаревски Владица (ФК Пелистер Македонија), Ристевски Стефан(Ф.К.Парма Италија), Мициновиќ Јасмин (Ф.К.Скопје Македонија), Митревски Ристе (Ф.К Напредок Македонија), Богдановиќ Горан (Ф.К.Металург Македонија), Урдинов Јани (Ф.К.Рода Холандија).

СРЕДЕН РЕД : Дурански Филип (Ф.К.Славија -Прага Чешка), Јовановски Мирослав (Ф.К.Тетекс Македонија), Станков Антонио (Ф.К.Рода Холандија), Спировски Стефан (Ф.К.Борац -Чачак Србија), Хасани Феран (Ф.К.Шкендија Македонија)

НАПАЃАЧИ : Станков Александар (Ф.К.Рода Холандија), Несторовски Илија (Ф.К.Словачко Чешка.Р), Самир Фазли (Ф.К Хееренвеен, Холандија), Алтипармаковски Маријан (Ф.К.Ксанти Грција).


– Оваа генерација фудбалери на претходната средба во Албанија успешно го положи тестот што се однесува до одбрамбените корекции , посебно при нафрлувањата од прекин и се надевам дека во тој дел од играта ќе бидеме на истото ниво. Како што и најавив по средбата во Елбасан на средбата со Мали ќе се обидеме да ја поправиме реализацијата бидејќи факт е дека создаваме шанси, често доаѓаме во 16-тникот на на противникот или во најмала рака на 20 метри од голот но без завршен удар. Затоа очекувам дека во тој дел од играта ќе направиме прогрес и конечно ќе дојде до израз индивидуалниот квалитет, желба и концентрација на играчите за постигнување гол- изјави по објавувањето на списокот Бобан Бабунски.

OhridNews