Далас, Лејкерс и Атланта со победите во синоќешните натпревари од “плеј оф“ во НБА Лигата стигнаа до бројката четири која ги води во поманатомшната фаза.


Атланта – Орландо 84-81 (4-2)

Атланта од игра го “исфрли“ претенденот за титулата Орландо Меџик совладувајќи го со 84-81. Во таборот на “орлите“ пет кошаркари завршија со двоцифрен број на поени. Џо Џонсон запиша “дабл дабл“ учинок од 23 поени и 10 скокови. Турчинот Хиадет Туркоглу промаши “тројка“ за продолжение додека залудни беа 25-те поени на Двајт Хаувард.

ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 98-80 (4-2)

Бранителот на трофејот Лејкерс предводени од Коби Брајант кој постигна 25 поени успеаа да ги елиминираат “стршлените“. Во поразениот Њу Орлеанс најефикасен беше Лендри со 19 кошеви.


Далас – Портланд 103-96 (4-2)

Тандемот на “телињата“ Новицки и Тери искомбинираа 55 поени и ја обезбедија “четвртата“ победа на Портланд. “Треилблејзерси“ на почетокот на натпреварот имаа водство, но не успаа да го задржат и одисејата во “плеј оф“ ја завршуваат во првата фаза.

Мх.П.