Тренерот на НБА тимот, Лос Анџелес Лејкерс, Мајк Д’Ентони, поднесе оставка на функцијата.

Овој стратег на клупата на еден од најпопуларните тимови во НБА лигата, од моментот кога го наследи Мајк Браун има скор од 67 победи и 87 порази.
Тековната сезона ЛА Лејкерс ја завршија со најлошиот однос на победи и порази откако франшизата од Минеаполис се пресели во Лос Анџелес.
Лејкерси сезоната 2013/2014 ја завршија со скор од 27 победи и 55 порази.
„Макфакс“











