Женскиот ракометен клуб Вардар ја продолжи соработката со уште една ракометарка, откако потпиша нов двегодишен договор со Амандин Лејно до 2019 година.
Французинката иако имаше понуда од романски Букурешт се одлучи да ја продолжи соработката со „црвено црните“ кои и сезонава атакуваат на сите фронтови.
30-голманка македонскиот шампион го засили во 2013 година од тимот на Влчеа, а претходно бранеше во составот на Мец.
Покрај тивката и мирната Лејно договорот со „вардарки“ го продолжија Хмирова, Кликовац, Лазовиќ, Лекиќ, Пенезиќ и Лакрабер.
OhridNews