Дел од лекарите и медицински работници од земјава, ќе се дообучуваат и едуцираат на Медицинскиот факултет во Тексас.

Ова следува, по потпишувањето на меморандумот за соработка,  при посетата на Министерот за здравство од земјава Никола Тодорв, на повеќе медицински центри во САД.

Медицинските области врз кои ќе се фокусира меморандумот ќе бидат неврохирургија, рехабилитација, ортопедија, трансплантација, неонатологија, педијатрија како и кардиоваскуларна хирургија.

Според ресорниот министер, медицинскиот кадар од земјава ќе се стекне со врвна обука која ја нудат овие центри. „Ова значи дека рамката на меморандумот овозможува македонските лекари и останатиот медицински кадар да имаат пристап до врвна обука, односно можности за научна надградба кои ги нуди Медицинскиот факултет на Универзитетот на Тексас.“ – соопштуваат од Министерството за здравство.

Инаку, овој центар во Тексас претставува еден од најголемите медицнски центри во САД, кој брои 54 здравствени институции.

OhridNews