
“Лекарите и останатите здраствени работници во Струга се зачудени од предлогот на министерот за здраvство Арбен Таравари за директор во Заводот за Нефрологија-Струга да го постави Сами Мена кој како кадровско решение на ДУИ повеќе од десет години раководеше со оваа институција и ја срози до дното. Кога ДУИ конечно смогна сили пред нешто повеќе од една година да го смени корумпираниот раководител кој беше инволвиран во продажбата на дијализа, Алијансата на Албанците во Струга повторно ни го враќа назад како нивно ново решение?! “ – стои во дописот на лекарите од нефрологија испратен до медиумите, во кој бараат објаснување од министерот Таравари, според кои критериуми е назначен новиот директор на нефрологија.
Министерот, пак, смета дека назначениот директор е добро решение бидејќи зад себе има десетгодишно искуство со раководење на институцијата, успешни проекти и ужива доверба од вработените.
OhridNews











