Физиотерапевтите на Вардар, Димитар Маневски и Виктор Стојанов со брза и правилна интервенција спасија човечки живот во авионскиот лет од Скопје до Виена.
Имено, на еден од патниците во авионот му се слошило и имал срцеви проблеми, а физиотерапевтите на Вардар констатно го набљудувале и го одржале во живот.
По слетувањето патникот веднаш бил хоспитализиран, а лекарскиот тим на Вардар поздравен со громогласен аплауз од сите присутни.
„Црвено црните“ преку Виена патуваат во Плок, каде против Висла ќе ја почнат одбраната на титулата во Лигата на Шампиони.
Натпреварот се игра в недела.
OhridNews