Доајенот на македонското пливање Леко Радиќ кој беше добитник за наградата за животно дело на “Манифестацијата спортист на Охрид за 2011“ не го криеше задоволството од добиената награда, за сето она што го направил за спортски Охрид.
Присутните со стоечки овации го поздравија големиот “спортсмен“ кој долги години беше “алфа и омега“ во охридското пливање.
– Среќен сум за добиената награда и што на овој начин влегувам во охридската спортска историја, имам еден аманет нека се пишуваат книги во кои ќе останат запаметени сите овие успеси – рече Радиќ.
Покрај Радиќ, вака посебни признанија добија тренерот на боксерскиот клуб Охрид, Алексо Огненоски за 50 години афирмација на боксот во Охрид, и Никола Михајловски за 25 години успешно работење во женската кошарка, како и Димче Стојкоски – Лепи.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com