Ѕвездата на Лос Анџелес клиперс, Каваи Ленард, се врати на теренот ноќеска на натпреварот против Шарлот хорнетс (119:117) по санирање на повредата на скочниот зглоб.

Ленард беше автор на победничките поени на 1,4 секунди пред крајот при резултат 117:117.

Најдобриот кошаркар на Клиперс кој претходно пропушти шест натпревари од основниот дел во НБА-лигата, мечот со Шарлот го заврши со 16 поени, шест скока и две асистенции за 28 минути.

Клиперс со биланс 14-11 (победи-порази) се наоѓаат на 6. место во Западната конференција.

OhridNews