Лео Нелоски е прогласен за првенец на генерација во ООУ „Григор Прличев“. Лео нижи успеси од својата шеста година на меѓународни, државни и регионални натпревари.

Државен првак е по математика, како и победник на меѓународен натпревар во Босна. Прво место и златен медал освои на Државниот натпревар за млади физичари и природници, како и прво место на Меѓународен натпревар по математика. Добитник е на германската стипендија од ГЕТЕ Институтот.

Лео има освоено и второ место на меѓународниот натпревар „Макинова 2022“, како и трето место на Државен натпревар за млади физичари.

Во бројните успеси се вбројуваат и први и втори места на натпревари по германски јазик и биологија, како и повеќе од 120 дипломи, признанија, пофалници и сертификати.

OhridNews