Интер го претпре вториот пораз под водството на Леонардо, откако во дербито на Италија беше совладан од Јувентус. По овај пораз бранителот на титулата заостана на осум бода во однос на водечкиот Милан, но со натпревар помалку.

„Не создававме шанси во првото полувреме. Јуве одиграа добро, постигнаа гол и понатаму беше тешко да се пробие нивната одбрана,“ – прокоментира Леонардо. „По паузата, напаѓавме, но Јувентус добро одиграа во одбрана и пробуваа преку контра напади да постигнат уште еден гол.“

Споре Леонардо Ето не бил проблем, туку проблемот бил во тоа што топката се движела бавно во играта и не креирале шанси за напаѓачите.

Ohridnews