Михаел Шумахер позитивно реагирал на последните тестови, па докторите во Универзитетската болница во Гренобл планираат да започнат постепено да го будат од коматозмата состојба, во која се наоѓа веќе еден месец.
Оваа информација ја пренесува L’Equipe, иако директорката на болницата Сабин Кем одбила да ги коментира ваквите наводи.
Ова е првата добра вест за здравствената состојба на седумкратниот шампион во Формула 1, кој еден месец се наоѓа во вештачка кома, откако на скијање во француските Алпи се здоби со сериозни повреди на главата.
Според експертите од оваа сфера, случајот на Шумахер е вистинска реткост, бидејќи во слична ситуација, лицето во вештачка кома се одржува околу две седмици. Според неколкумина стручњаци од областа на неврохирургијата, Шумахер по оваа несреќа нема никогаш да биде истиот човек.
OhridNews
извор:„Макфакс“