“Охридски легенди и мистерии” и “Пристапен пат, селски резервоар” се имињата на проектите што денес ќе ги промовира Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид.

Овие два проекти беа аплицирани на Јавниот повик за финансирање на проекти од областа на одржливиот економски развој и туризмот кој беше објавен во месец Април 2011 година. Првиот проект беше аплициран и реализиран од Радио Охрид, а вториот проект го изготви  Месната заедница од селото Елшани.

Проектите се дел од Програмата за поддршка на локалниот економски развој и туризмот на општина Охрид за 2011 година “Локална контрибуција за реализација на проектни активности согласно дефинираните приоритети предвидени со стратегијата за локален економски развојна Општина Охрид”.

OhridNews