Секторот за локален економски развој ги повикува граѓаните да дадат предлози кои ќе бидат искористени при креирањето на Програмата за 2011 година.

Како што потенцираат од секторот, целта на ваквиот повик е да им се овозможи на граѓаните, месните заедници, граѓанските здруженија и други организации, преку изнесување на корисни идеи, предлози, проекти и мерки од областа на туризмот и локалниот економски развој, директно да учествуваат во креирањето и реализацијата на локалните политики, придонесувајќи на тој начин во подобрување на состојбите во сите сегменти на секојдневното живеење.

Средствата потребни за финансирање на проектите од областа на локалниот економски развој и туризомт за 2011 година ќе бидат издвоени од буџетот на општина Охрид.

OhridNews