Македонската репрезентација во Бокс, ќе земe учество на меѓународниот турнир во Скадар, Албанија.

Државниот првак во категоријата до 64 кг охриѓанецот Лескароски и Ристески ќе имаат можност да ја проверат својата форма и да се наметнат кај селекторите Руждија Калач и Хани Фисник за Европското првенство во Азербеџан и Светскиот собир во Турција.

–  Оваа година дебитирам во рингот и тоа на едно квалитетно натпреварување, подготвен сум за добар настап во Албанија и да се покажам во вистинско светло.  Тестот во Скадар ќе ни послужи да се подготвиме што подобро за “Белградскиот Победник“ – истакна Лескароски.

На турнирот се најавени учесници од повеќе земји , а  најголемо внимание  привлекува учеството на италијанските боксери. 

На турнирот во Скадар очекувам квалитетни “фајтерски мечеви“ посебно во мојата категорија (64 кг) и во категоријата  на  Бојан Ристески (69 кг). Боксери ќе има од Италија, кои боксуваат во стил која многу наликува на познатата руска школа –  изјави за  “Ohridnews“ Лескакорски.


Мх.П.