Столбот на одбраната во битолски Пелистер, Дејан Лескароски беше еден од најзаслужните за минималната победа во дерби пресметката со Вардар на “Филип Втори“. Тој командуваше со одбраната, а со својот соиграч Драгарски го неутрализираа голгетерот Јован Костовски.

– Голема победа за нас и за навивачите кои заслужуваат многу повеќе од ова. Трите бода освоени во дербито ќе значат многу за преостанатиот дел од шампионатот. На “Филип Втори“ докажавме дека можеме на секоја екипа да им парираме рамноправно и дека не ние местото во долниот дел од табелата – истакна Лескароски.

Во наредната рунда “зелените“ на домашен терен ја пречекуваат Брегалница, тим кој оди во надолна линија.

– После победа со Вардар апетитите ќе пораснат. На дуелот со Брегалница одиме на позитивен резулатот, кој ќе не одлепи од опасната зона
– заврши Лескароски, кој им се заблагодарува на “чкембарите“ за дочекот по освојувањето на “Филип Втори“.

Мх.П.