Четиричлената боксерска експедиција ја сочинуваат охриѓаните Сашо Лескароски, Бојан Ристевски, стружанецот Фатлум Жута и најдобриот македонски боксер Примислав Димовски.
Лескароски во борбата со Милан Златев изгуби 15-8 и беше најдобар од македонските боскери. Ристевски претрпе пораз од Симеон Чамов 15-3 додека Жута изгуби 15-6, а Димовски 15-2.
Најуспешни селекции на “Странџата“ беа домаќинот Бугарија, Русија и репрезентацијата на Узбекистан.
За македонската боксерска селекција нема одмор тие в петок заминуваат во Хрватска на седумдневни подгоговки за турнирот Златко Хрбиќ.