Двајца повратници во македонскиот шампионат ќе го засилат Охрид во продолжението на сезоната. Охрид во пресрет на деветтата рунда и мечот со 11 Октомври на домашен терен се засили со бранителот Дејан Лескароски, и играчот за врска Ардит Шаќири.
Обајцата се поранешни членови на охридскиот тим, со тоа што Лескароски по две сезонни се врати во таборот на “белите“, додека Шаќири пред три сезони играше во составот на “рибарите“.
– Со овие двајца фудбалери се засилува конкуренцијата за место во тимот. Ростерот не само што го збогативме на кванитет туку ќе добиеме и на квалитет. По мечот со 11 Октомври, следува пауза која е добредојдена за уште подобро да се подготвиме за финишот на есенскиот шампионат – вели предводникот на “белите“ Антиќ.
Натпреваврот Охрид – 11 Октомври се игра в недела со почеток во 15 часот.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com