По повод денот на шегата, основното училиште ,,Ванчо Николески’’ од село Лескоец, заедно со подрачните училишта организира априлијада, на која учествуваа основците од сите одделенија.

Априлијадата започна со дефиле на маските од дворот на училштето до центарот на селото,а учениците го поздравија денот на шегата со неколку пораки: ,, Лескоец под маска со смеа и игра во новата пролет’’, ,, Сите се смеат на ист начин’’, ,, Насмевката ги отвара градите на љубовта- подарете насмевка’’ .

Училиштето организираше и натпревари за најдобра шега и најдобра маска, а беше организиран и спортски дел во кој учениците се натпреваруваа во тргање со јаже и танцување на Виенски валцер со балон. Наградените ученици на крајот се облажија со вкусни слатки.

OhridNews