Натпреварот Штутгарт-Кајзерслаутерн е првиот кој ќе се одигра во рамките на 25-то коло, во германската Бундеслига. Екипата на Штутгарт во дуелот со последнопласираната екипа на табелата влегува како апсолутен фаворит, охрабрен и од минато неделната, убедлива победа во Хамбург.


Штутгарт се наоѓа на осмото место на табелата, со три победи на последните четири средби. Кајзерслаутерн е закован за дното на табелата, оваа екипа серијата од четири порази, ја прекина во минатото коло, кога одигра нерешено со Волфзбург.

Аспирантите за титулата, во оваа рунда би требало да имаат лесна задача, лидерот и актуелен шампион Борусија Дортмунд ќе му гостува на Аугзбург, Баерн во Минхен ќе игра против Хофенхајм, Борусија Менхенгладбах за противник го има Фрајбург, а Шалке, кој игра во лоша форма ќе го пречека Хамбургер.

Бундеслига, 25. коло:

Петок, 9. март:
Штутгарт-Кајзерслаутерн

Сабота, 10. март:

Борусија Менхенгладбах-Фрајбург, Волфсбург-Баер Леверкузен, Келн-Херта, Мајнц-Нинберг, Баерн-Хофенхајм, Аугзбург-Борусија Дортмунд

Недела, 11. март:
Вердер-Хановер, Шалке-Хамбургер

Табела: 1. Борусија Д. 55, 2. Баерн 48, 3. Борусија М. 47, 4. Шалке 44, 5. Баер Л. 40..

“Макфакс“
Ohridnews