Македонската ракометна репрезентација ја победи Естонија со 30-25 (15-10), во воведниот натпревар од квалификациите за ЕП 2012 година во Србија.


Избраниците на Ѕвонко Шундовски во целост го надиграа противникот и во ниту еден момент од мечот не го доведоа во прашање името на победникот. Борко Ристески имаше 14 одбрани, додека капитенот Кире Лазаров беше најефикасен со седум постигнати погодоци, а имаше и неколку атрактивни додавања.

Во второто коло Макеоднија му гостува на еден од конурентите за пласмна на континеталниот собир Босна и Херзеговина. Натпреварот се игра во недела во 20 часот.

М.П.