Екипата на Ливерпул во првата фаза ги заврши мечевите во англискиот Лига куп , откако претрпе пораз на гостувањето кај Лестер 2-0.

„Лисиците“ повеќе ја посакуваа победата и заслужено стигнаа до неа, за разлика од тимот на Ливерпул, кој истрча со комбиниран состав. Коцкањето, односно штедењето не му се исплатеше на германскиот стручњак Јирген Клоп кој изгуби една шанса за титула во новата сезона.

Двата голови домашните фудбалери ги постигнаа во вториот дел. Прв мрежата на гостите ја начна Шинџи Оказаки, додека печат на победата стави Слимани со фантастичен погодок.

Резултати: Бурнмаут – Брајтон Албион, Астон Вила – Мидлзброу 0-2, Брентфорд – Норвич 1-3, Бристол Сити – Стоук 2-0, Барнли – Лидс, Кристал Палас – Хадерсфилд 1-0, Лестер – Ливерпул 2-0, Вест Хем – Болтон 3-0, Вулверхемптон – Бристол, Ридинг – Свонси 0-2, Тотенхем – Барнсли 1-0.

OhridNews