Фудбалерите на Челси и новиот стратег на клупата Френк Лампард остануваа без победа во Премиер лигата. „Сините“ освоија само бод пред своите гледачи на Стемфорд Бриџ ремизирајќи со Лестер 1-1 (1-0) во втората рунда од шампионатот.

Првиот дел одеше комплетно во прилог на Челси, кој теренската доминација ја круниса со водечкиот погодок на Џејсон Маунт. Тој резултат беше аткивен до 67-та минута кога Вилфред Н`доди ја погоди мрежата на домаќинот и изедначи на 1-1. Нападите на Челси до крајот на мечот не вродија со плод и бројките на семафорот останаа идентични.

Втората рунда ќе се комплетира со утрешниот меч помеѓу Вулверхемптон – Манчестер Јунајтед.

Резултати: Шефилд Јунајтед – Кристал Палас 1-0, Челси – Лестер 1-1

OhridNews