Бодовите во згуснатиот распоред од Премиер лигата се неопходни за сите екипи. Така мечот на “Либерти“ стадинот Свонси и Манчестер Јунајтед (1-1) помина во знакот на острите стартови, големата нервоза во фудбалерите и еден инцидент кој го предизвика капитенот на домашните Вилијамс.


Дефанзивниот фудбалер откако судијата досуди фаул за Јунајтед силно ја шутна топката, а таа заврши во главата на Ван Перси. Холанѓанецот реагираше бурно и малку фалеше да прерасне во поголем инцидент.

Мх.П.