Во тепачката што настанала по претходна вербална расправија покрај тупаници биле употребени и метални столици. Едно лице заработило фрактура на рака и исчашено рамо, а друго со тешки повреди на главата во пределот на вилицата било примено во општата болница во Охрид.
Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопшти МВР.