Во рамките на Младите преку спортот и Екологија до меѓуетничко разбирање и одржлиц развој во Македонија, од 10 до 17 август хотел Далјан во Охрид, ќе се одржи Летен младински спортски камп.
Носител на проектот е Спортска Унија на Словенија – Граѓанска асоцијација за рекреативно движење е Координатор и операционализатор. Во проектот активно е вклучена амбасадата на Словенија во Македонија.
Планирано е на кампот да учествуваат 120 лица од повеке места, училишта, општини/Старо Нагоричане,Куманово, Сарај, Липково, Шуто Оризари,Берово, Чешиново-Облешево, Кочани, Велес, Крушево, Ресен, Охрид/ .
Составот е хетероген има деца од основни и средни училишта, а водачите на групите се оспособени лидери во рамките на Проектот, но и наставници од повеке области. Учесниците се од повеке националности, македонска,албанска,ромска, турска, српска, влашка. Првпат на овој камп учество ке земат и деца со посебни потреби од Охрид.
Секој ден започнува со утринска гимнастика, потоа работилници за проектот, прирачникот, пригодно за видовите на спортување, Екологија, како да се надминат стресните состојби од било кој вид, превентивни медицински насоки, спортување со игри на плажа, песок, трева, игри на вода,учење на традиционални игри од разните краеви на Македонија, секоја вечер групите се претставуваат со специфичностите од кај доаѓат, игри, носии, умотворби,…. цртање на тема „Спорт-игра ДА, Дрога-НЕ“, покажи што знаеш,забава, музика, маскенбал.
Секој ден ќе работи и пливачка школа за учење на пливање
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com