Ликовна колонија „Вевчански видувања“

Од 01.06.2022 - 00:00 до 15.06.2022 - 00:00

Во рамки на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“, од оваа година, во просторот на ресторанот „Виа Игнација“, во периодот од 27 јуни до 4 јули ќе се одржи Првата летна детска ликовна школа.

На оваа манифестација младите ликовни таленти ќе можат да ја изразат својата креативност и истовремено да ги развијат своите уметнички вештини, велат организаторите на колонијата.

Летната школа ќе ја води реномираната академска уметница Лара Ташковска, сликар од Ателјето за сликање и цртање, од каде излегуваат голем број на таленти. Учеството ќе биде бесплатно, а организаторите ќе ги обезбедат сите потребни материјали и услови за творење и учење надецата. – информираат од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“.

Учесниците ќе бидат поделени во неколку групи во зависност од возраста, а дневно ќе имаат по два школски часа во времетраење од 90 минути. По завршувањето на Колонијата, организацискиот одбор на Ликовната колонија ќе ги награди првите три најдобри дела, а сите учесници ќе добијат сертификат за успешно завршена летна школа.

Делата ќе бидат изложени и промовирани во галерискиот простор на Мултикултурниот центар „Коста Србакоски” во текот на летото.

Пријавѕвање и дополнителни информации на +389 70 351 835 или на следниот ЛИНК, најдоцна до 15јуни.

OhridNews