Летна викенд дружба на тревникот пред хотел SU со HUMN Pop Up и супер забавна агенда, активности и изненадувања. Станува збор за незаборавен викенд настан поделен во 2 дена и 3 етапи, каде може да се видат, пробаат и купат производите на HUMAN, супер музика и интерактивни и забавни активности, HUMN Signature коктели, тренинг, подароци и изненадувања.
Настанот започнува во сабота во периодот од 9 до 14 часот каде предвидено е да бидат изложени HUMN pop-up производите, како и да се одржи работилница за подготовка на кафе. Атмосферата ќе биде збогатена и со добра музика.
Во текот на целиот викенд ќе бидат изложени HUMN pop-up производите, а за атмосферата ќе се погрижи DJ Foodieman со музика што совршено ќе се вклопи во амбиентот. Предвидено е и да се одржи Coffe & Matcha Workshop организирана од Roastery& На кафе дома. Во рамки работилницата присутните ќе може да се запознаат со начинот на нивната подготовка на кафето, како и зошто токму тие пијалоци се толку посебни, вели стружанката Ангела Дончева, еден од основачите на онлајн продавницата HUMN.
Истиот ден, сабота, во периодот од 18 до 22 часот, продолжува HUMN Pop Up на истата локација со Sunset Summer Party надополнета со HUMN Signature коктели.
Во текот на целиот ден секој што ќе купи HUMN производ добива специјален тикет за утринска workout session со Емилија Колоска од Fitness Factory за наредното утро (недела), како и бесплатно смути веднаш по тренингот. Настаните продолжуваат до 13 часот за сите кои го пропуштиле саботниот дел да можат да видат, пробаат и купат производи, посочува Дончева.
Претходно ваков тип на настани, вели, имаат организирано три во Скопје, каде интересот бил доста голем со над 300 посетители на двата, додека на третиот кој бил во организација и со други брендови околу 200.
Сега сакаме да направиме настан во Охрид, да ги запознаеме луѓето, бидејќи гледаме дека на второ место девојки кои нарачуваат од нашите производи се охриѓанки. Дополнително со оглед дека е сезона ќе има сигурно и туристи кои сметаме дека треба да се запознаат со нашиот бренд. Со нетрпение ги очекуваме сите заинтересирани да ги запознаеме со нашите производи и да се дружиме, вели Дончева.
Покрај тоа што се занимаваат со продажба, Дончева посочува дека се посветени и на организирање на хуманитарни настани.
Воедно, додава дека во текот на целиот викенд на настанот во Охрид ќе бидат присутни и Yeppeuda skincare брендот кои ветуваат многу изненадувања и подароци.
Н.С.Ј.