Просторот чиј капацитет е околу 200 гледачи, се очекува повторно да проработи во текот на летната сезона.
– Во план е да добиеме уште една концертна сцена на која би се изведувале бројни концерти, претстави, но и кино проекции. Местото е атрактивно и предност е што се наоѓа во центарот на градот, вели Драгана Боцевска, директор на Центарот за култура.
Реконструкцијата на летната кино бавча е само еден од проектите за чија реализација доделени се средства од страна на министерството за култура.
Боцевска нагласува дека е задоволна од доделените средства и слухот на надлежното министерство за потребите на центарот.
Дел од средствата се наменети за доделување на наградата Григор Прличев, во рамки на Прличевите беседи, кои треба да започнат на 5- ти февруари . Наградата за писателот Милован Стефаноски за неговата поема Адам од Говорлево.
Средствата ќе се искористат и за Балканскиот фестивал на народни песни и игри, кој оваа година слави 50 годишен јубилеј, Охридските староградски средби, како и за фоклорниот ансамбл Бисери. Доделени се доволно средства и за детската музичко- балетска претстава Палешка, како и промоцијата на книгата Чај од Липа на писателот Тоде Илиевски. Подржани се и два драмски проекти- претставата Иди ми, дојди ми во режија на Мони Дамевски и текст од Братислав Димитров и кабаре претставата Кабаре мистериозо во режија на Дејан Дамјановски.
За реализација на овие проекти од страна на министерството за култура доделени се вкупно 5 милиони денари.