Деновиве екипите на „Паркови и зеленило„ ги разубавуваат парковите во градот, заменувајќи ја летната цветна реколта со цветен саден материјал од видот очиња и каранфилчиња.


Превидено е во парковите на територијата на општина Охрид да се засадат околу 7.500 садници очиња и 2.500 каранфилчиња, кои се од сопствено производство од топлите леи на расадникот од ова јавно претпријатие.

– Со овие видови на актуелно сезонско цвеќе парковите ќе го добијат својот сјај и весели бои во есенско-зимскиот период, велат од ЈП „Охридски комуналец“.

OhridNews