Вака топол септември охриѓани не паметат од поодамна. Тие уживаат во убавините покрај Езерото и прекрасните зајдисонца кои полека ја најавуваат есента.


Според најавите на синоптичарите топло време не очекува и денес. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 29 степени Целзиусови. Веќе од утре се очекува благо опаѓање на температурите проследено со врнежи од дожд, кои ќе потраат и во наредните денови.

OhridNews