Поради  стартот на летната туристичка сезона  во месеците јули и август  ќе има прекин на  градежните активности и пополнување на ударните дупки низ  централните улици во Охрид. Во овој период активностите ќе се реализираат во периферните градски улици, информираат од локалната самоуправа.

Деновиве Секторот за комунален развој, сообраќај и улици при Општина Охрид  работи на  пополнување на  ударните дупките на улицата “Момчило Јорданоски“ во близина на населбата Бараки и истата се очекува да заврши на крајот од оваа работна недела.

Во изминатиов период се изврши пополнување на дупките на улиците: “Гоце Делчев“, кеј “Маршал Тито“, “Димитар Влахов“, “Партизанска“, “Јане Сандански“, “Абас Емин“, “Васил Стефоски“, “Аџи Мустафа“, “Бекир али Риза “, “7-ми Ноември“, “Питу Гули“, “Никола Петров- Русински“.

OhridNews