Радомир Антиќ, селекторот на Србија, фаворитската улога и ја пропушта на Германија, но верува во потенцијалите на својот тим.
– Петмина од моите фудбалери играат во Бундес лигата и поради тоа многу добро го познаваме германскиот фудбал. Групата е многу интересна бидејќи во неа се сретнуваат тимови од четири различни фудбалски култури– смета Антиќ.
Селекторот на Германија, Јоаким Лев, призна дека имаат навистина интересна група и подели комплименти за сите свои противници во групата.
– Ни се падна многу интересна група. Имаме играно со Австралија, не многу одамна во Купот на Конфедерации. Тоа ќе биде многу важен натпревар за нас, првиот со кој ќе го отвориме СП. Имам голем респект за Србија. Тие ја победија Франција во квалификациите и многу лесно се пласираа на СП. Имааат многу квалитетни фудбалери и навистина се многу силен состав. Инаку воопшто не ја сметам Гана за аутсајдер. Тие имаат многу силен тим. – истакна Лев.
Во групата Д покрај Германија и Србија кој се први фаворити за пласман во елиминациската фаза уште учествуваат и селекциите на Австралија и Гана.
Во првото коло се среќаваат : Германија – Австралија, Србија – Гана.
Словенечкиот фудбалски судија Славко Винчиќ ја заврши својата богата судиска кариера, соопшти Фудбалскиот сојуз на Словенија (NZS), само една недела откако го судеше финалето на Светското првенство...
Со многу енергија, мотивираност и желба за нови успеси, ракометарите на ГРК Охрид ги започнаа подготовките за новата сезона Екипата е со осум нови играчи меѓу кои Филип Талески, Мартин Ивановски, Ш...
Традиционално и оваа година на 2 Август, ќе се одржи 47 Куп во далечинско пливање „Илинден 2026“, во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008″ од Oхрид Стартот на маратонот ќе биде од...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.