Најдобриот стрелец на Борусија Дортмунд, Роберт Левандовски, изјавил дека сака во летниот преоден рок да ја напушти екипата. Според полскиот репрезентативец тој веќе има договор со друг тим чие име не го открива.



„Имам договор со нов клуб. Ги известив челниците на Борусија и се надевам дека набргу се ќе биде завршено како би можел да му се приклучам на новиот клуб. Тоа е најдобро решение за сите“
, рекол Левандовски.

Роберт Левандовски во Борусија пристигна во 2010 година од полскиот Лех Познањ, за три сезони одиграл 139 натпревари, на кои постигнал 75 голови. Со ’милионерите’ освои две титули во Бундеслигата и една во националниот Куп.

“Макфакс“